За една година блокирани 22.683 сметки

Bez autora
Feb 06 2011

Продолжува да расте бројот на блокирани сметки на компаниите и на приватните лица. Според податоците на Народна банка, само во јануари годинава биле блокирани 1.800 нови банкарски сметки во однос на декември лани, со што вкупниот број блокирани сметки се искачи на 91 илјада. Ако се направи споредба јануари годинава - јануари лани, произлегува дека за една година се блокирани 22.683 банкарски сметки. Поради ненамирени обврски, Управата за јавни приходи присилно затворала сметки на фирми и на граѓани. Најчести причини за блокирање на сметките на фирмите и на граѓаните се неплатените рати за кредити, неплатени даноци, придонеси, како и долгови кон приватни компании. Во текот на 2010 година се зголеми бројот на блокираните сметки за речиси една третина. Во исто време растеше и бројот на новоотворени сметки, но со помал интензитет.

За една година блокирани 22.683 сметкиПродолжува да расте бројот на блокирани сметки на компаниите и на приватните лица.

Според податоците на Народна банка, само во јануари годинава биле блокирани 1.800 нови банкарски сметки во однос на декември лани, со што вкупниот број блокирани сметки се искачи на 91 илјада. Ако се направи споредба јануари годинава - јануари лани, произлегува дека за една година се блокирани 22.683 банкарски сметки. Поради ненамирени обврски, Управата за јавни приходи присилно затворала сметки на фирми и на граѓани. Најчести причини за блокирање на сметките на фирмите и на граѓаните се неплатените рати за кредити, неплатени даноци, придонеси, како и долгови кон приватни компании.

Во текот на 2010 година се зголеми бројот на блокираните сметки за речиси една третина. Во исто време растеше и бројот на новоотворени сметки, но со помал интензитет. Во текот на 2010 година се отворени вкупно 77.033 сметки во банките, а во јануари годинава биле отворени нови 3.450 сметки. (С.М.)

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik